Во Умин Дол и Горно Коњаре ќе се реализираат четири проекти - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Умин Дол и Горно Коњаре ќе се реализираат четири проекти PDF Print E-mail
Tuesday, 05 January 2016 16:24

Вкупно четири проекти од локалната инфраструктура ќе се реализираат во кумановските села Умин Дол и Горно Коњаре во рамки на проектот „Акции во заедницата“, што го спроведува МЦМС со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството  Велика Британија во РМ и во соработка со општина Куманово.

umin-dol

По приоретизирањето на предлог-проектите за најгорливите проблеми со кои се соочува месното население, покрај прворангираните проекти, општина Куманово одлучи да се приклучи на проектниот фонд и да ја финансира  реализацијата и на второрангираните проекти. „Знаеме дека сите проекти се од приоритетен интерес на овие месни заедници за задоволување на нивните основни потреби и за подобрување на квалитетот на живот на населението. Затоа, ние, како општина, ќе се приклучиме со дополнителни средства за да може да бидат реализирани по два проекта во Умин Дол и во Горно Коњаре, истакна градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Жителите на Умин Дол  за најприоритетен го избраа проектот за изградба на санитарен  јазол во ООУ „Карпош“, а по добиената согласност за ко-финансирање од општина Куманово, во оваа населба ќе биде реализиран и второрангираниот, проектот за изградба на парк со детско игралиште, кој опфаќа и уредување на  училишниот двор и пристапот до него.

gorno-konjare

Во Горно Коњаре, пак, проектите „Асфалтирање на улицата од Ветеринарната станица до локацијата „Бара“ и „Поставување на бекатон плочки на улиците низ селската населба“ добија ист број на гласови од присутните жители, по што општина Куманово одлучи финансиски да придонесе за да може и двата проекти да се реализираат.

Проектниот фонд на „Акции во заедницата“ изнесува по 25.000 фунти за едно село, додека остатокот ќе го обезбеди општина Куманово. Периодот на реализација на проектите е јануари-март 2016 година. Целта на акцискиот процес е да се поттикне и зајакне граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво и да се изградат локални административни капацитети за заедничко решавање на проблемите. 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Во Умин Дол и Горно Коњаре ќе се реализираат четири проекти