| Градење општество отпорно на корупција |
|
|
|
|
И покрај постоењето на национални стратегии и законски механизми, корупцијата и понатаму претставува еден од најсериозните предизвици за владеењето на правото, довербата во институциите и демократскиот развој на државата. Ограничената примена на планираните мерки, недоволниот надзор и отсуството на ефикасни механизми за јавна отчетност создаваат простор антикорупциските политики да останат само формално усвоени документи. Програмата директно одговара на овие слабости преку воведување иновативни дигитални алатки, градење капацитети и поттикнување општествена промена во односот кон корупцијата. Преку јакнење на транспарентноста, отчетноста и активното учество на граѓаните, граѓанските организации и приватниот сектор во следењето и спроведувањето на антикорупциските политики ќе се придонесе кон намалување на корупцијата во Северна Македонија. Општа цел на програмата е да се придонесе кон создавање општество отпорно на корупцијата преку зајакнување на отчетноста, транспарентноста и активното граѓанско учество. Очекувани резултати на програмата се:
Целни групи се граѓански организации, приватниот сектор, антикорупциски активисти и медиуми како и граѓаните како крајни корисници, кои ќе имаат поголем пристап до информации и можности за учество. Активности кои ќе придонесат за постигнување на резултатите се:
Програмата ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во период од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2028 година и истиот е финансиски поддржан од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. Буџетот изнесува 277.794 евра од кои најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (89.99%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС.
|