Информативни сесии за повикот за партнерски грантови ЦМ-ПГ-2 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни сесии за повикот за партнерски грантови ЦМ-ПГ-2 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 18 септември 2025 08:14

Цивика мобилитас ги поканува сите здруженија, фондации и сојузи заинтересирани за новообјавениот повик за партнерски грантови да учествуваат на информативните сесии кои ќе се одржат на три локации според следниов распоред:

viber image 2025 09 17 12 25 29 111

  • Струмица – на 23 септември во Europe House (локација), од 12:00 часот
  • Тетово – на 25 септември во Europe House (локација), од 12:00 часот
  • Скопје – на 3 октомври во Граѓанскиот ресурсен центар (локација), од 12:00 часот

Тимот на Цивика мобилитас, на сесиите подетално ќе информира за повикот, за неговите специфики, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни и што содржи пријавата.

За време на инфо-сесиите ќе имате можност да поставувате прашања во врска со подготовката на вашите апликации. Тимот на програмата ќе одговори на прашањата и/или дилемите во живо.

Исто така, прашањата може да ги поставите и на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Пријавете го своето учество на слединиов линк.

Повикот за партнерски грантови е отворен до 15 октомври 2025 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Информативни сесии за повикот за партнерски грантови ЦМ-ПГ-2