Создавање рамка за учество на граѓанските организации во креирање политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Создавање рамка за учество на граѓанските организации во креирање политики PDF Печати Е-пошта

09_10_DUM_102Дел од предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесите на нејзината транзиција и на зачленувањето во ЕУ и НАТО се однесуваат на доброто управување, поточно на намалување на корупцијата и организираниот криминал, на зголемување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста на државата. Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките бара двострана активност: и од владата, но и од граѓанските организации. Неопходно е Владата да ги преземе сите мерки кои што се предвидени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор кои што се однесуваат на вклучувањето на граѓаните во креирањето на политиките, меѓутоа исто толку е важно и граѓанските организации од своја страна да се оспособат за застапување и лобирање на нивните интереси кои што може да бидат преточени во официјални државни политики.

Општа цел на проектот е зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е да придонесе кон поголема вклучување на граѓанските организации во креирањето на политиките на национално ниво.

Целна група се граѓанските организации и органите на државната управа. Директни корисници се организациите членки на ГПМ и Одделението за соработка со невладините организации. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекувани резултати од проектот се:

  1. Подготвен предлог на механизам за вклучување на граѓанските организации во креирање на политиките
  2. Подготвен прирачник за вклучување на граѓанските организации во креирање на политиките

За да се постигнат планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:

  1. Меморандум за соработка меѓу Одделението за соработка со граѓанските организации и МЦМС
  2. Подготовка на предлог рамка (механизам)
  3. Консултативен процес за подготовка на механизмот
  4. Подготовка на прирачник

Периодот на спроведување е 1 јули 2009– 30 јуни 2010 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Владата, преку Одделението покажува интерес за посветеност во спроведување на Стратегијата, а со тоа и за реализација на целта која се однесува на вклучување на граѓанските организации во креирање на политиките; предложениот механизам ги одразува барањата на граѓанските организации и е во согласност со постоечкиот правен систем на Република Македонија, односно е спроведлив; Граѓанските организации имаат потреба од зголемување на знаењето и вештините за вклучување во креирањето на политиките.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со Одделението за соработка со невладините организации. Настаните кои ќе бидат организирани во рамките на проектот ќе бидат соодветно и навремено промовирани до граѓанските организации и во јавноста.

МЦМС во консултации со Одделението е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

Како можен ризик може да се јави одолговлекувањето на потпишување на Меморандумот за соработка со Одделението поради внатрешни административни процедури во Генералниот секретаријат. Исто така, може периодот на спроведување на овој проект да се совпадне и со спроведување на веќе најавен проект за техничка поддршка на Одделението со ИПА 2007, а тоа да предизвика давање помал интерес за предвидените активности со овој проект.

Проектот ќе биде финансиран од ЕЕД.

Буџетот изнесува 466.900 денари.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми