Градење капацитети за ЗЕЛС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за ЗЕЛС PDF Печати Е-пошта

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и ЗЕЛС, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на ЗЕЛС и на нејзините конституенти членки Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во локалните и руралните заедници.

Цел на проектот беше подготвеност на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија (ЗЕЛС) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот беа ЕЛС и ЗЕЛС.

Целното подрачје ја опфаќаше целокупната територија на Република Македонија.

Очекуван резултат беше: Воспоставен систем при ЗЕЛС за утврдување на потребите од обука во ЕЛС.

Активностите беа реализирани во рамките на овој проект беа:

  1. Креирање на база на податоци за одговорни лица при ЕЛС за управување со човечки ресурси - Базата беше подготвена врз основа на податоци од анкетен прашалник испратен до 85 ЕЛС. Во моментов има податоци за 55 контакт лица, со тенденција да продолжи континуирано да се надоградува и обновува;
  2. Работилници за формирање на национална мрежа на одговорни лица при ЕЛС за управување со човечки ресурси - Беа одржани 4 работилници (23.06. во Скопје, 24.06. во Маврово, 25.06. во Битола и 26.06. во Струмица) со вкупно 44 учесници, на теми од областа со управувањето со човековите ресурси и
  3. Изготвување на преглед за потребите од обука во ЕЛС за 2009-10 година – Прегледот беше направен врз основа на анкетен прашалник испратен до сите ЕЛС, членки на ЗЕЛС. Врз основа на обработка и анализа на повратните информации од овој прашалник  и врз основа на податоците добиени од тематските регионални работилници, како приоритетни теми за ЕЛС за периодот 2009-2010 година беа селектирани: Изработка на програма за обука за секоја ЕЛС индивидуално, Изработка на стратешки документи, Подготовка на План за работа, Подготовка на Програми за обука и Извештаи, Изготвување на годишни програми за работа на ЛС, Работилница за изготвување на теркови за стратешките документи, Запознавање на градоначалниците за можностите за едукација на државните службеници, Менаџмент со ЧР, Начини на менаџирање и идентификација на проблемите во работењето и Психологија во однесувањето.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со ЗЕЛС имаа одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремена реализација на проектот зависеше од претпоставката дека ЗЕЛС и нејзините членки имаат капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Оттука, еден од ризиците во остварување на целите на проектот беше непостоење на доволен капацитет на ЗЕЛС и нејзините членки за соработка. Тоа можеше да доведе до пробивање на планираните рокови за спроведување на проектните активности или до не/нецелосно спроведување на дел од активностите.

Одржувањето на локалните и претседателски избори во март 2009 година, се гледаше како ризик кој, иако е земен во предвид при планирањето на активностите, може да влијае на поместување на планираната динамика за спроведување на активностите. Посебно се истакнуваше ризикот од традиционалното спроведување на поголеми кадровски и стратешки промени во локалната самоуправа со промена на градоначалниците/политичката партија на власт на локално ниво.

Ризик за (не)успешна реализација на целите на проектот беше во корелација со поддршката на ЗЕЛС од други актери/агенции. Имено, планираната поддршка со проектот можеше да не е доволен инпут во остварувањето на целта на проектот. Синергијата помеѓу планираните проектни активности и поддршката од другите релевантни актери/агенции беше секако важен удел во подобрување на капацитетите на ЗЕЛС и нејзините членки.

Временскиот период на спроведување беше 02 март – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот извештај на проектот изнесуваше 671.056,00 МКД.  МЦМС обезбеди 450.800,00 МКД (директни трошоци) средства кои беа донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства во износ од 220.256,00 МКД беа сопствено директно учество на ЗЕЛС.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми