Календари за толеранција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Календари за толеранција PDF Печати Е-пошта

Годината 2007 беше назначена како „Европска година на еднакви можности за сите” од страна на Европската комисијата. Комисијата објаснува дека „општата цел на Европската година е да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите”. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година за еднакви можности носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна анти-дискриминациска легислатива, но и однесувањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко.

Македонскиот центар за меѓународна соработна (МЦМС), Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп и Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК), ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дис-криминацијата во земјата.

Општа цел на проектот беше да создаде ефективна и функционална рамка за еднак-ви можности на сите луѓе во Македонија.

Цел на проектот беше придонес кон зголемена јавна свест за толеранција, прифаќа-ње на разликите и концептот за еднакви можности.

Целна група на проектот беше јавноста во Република Македонија. Директни корисни-ци беа лицата кои се дискриминирани врз една или повеќе основи.

Целно подрачје беше Република Македонија. Повеќето од активностите се водеа на национално ниво, но одредени аспекти ќе бидат децентрализирани на локално ниво.

Резултати и активности

Резултати

Зајакната свест на општата популација за дискриминацијата.

Активности

Во рамките на овој проект беа изработени два вида календари како дел од пошироката централна кампања за недискриминација. Дополнително, во рамките на проект од програмата за меѓурелигиска соработка, се изработија уште еден вид календари, во кои се вметнаа битните елементи од оваа кампања (лого/слоган и најважните датуми).

Двете основни решенија за дизајн на календари, во рамките на овој проект беа:

  • „раце” – календари со фотографии од разни човечки дланки кои отсликуваат повр-заност меѓу различни луѓе (од кои едната претставува некоја од формите на дискриминација) и нивната еднаквост;
  • мотиви од основните дизајни на принт-кампањата (вклучително ликовите на дискри-минацијата и етикетирањата).

Овие три дизајни беа изработени во форма на ѕидни (1) и столни (2) календари. Покрај тоа, централниот постер на кампањата се примени и на џепни календари.

Активностите се спроведоа во декември 2007 и јануари 2008 година. Меѓурелигиските и џепните календари беа дизајнирани, испечатени и дистрибуирани пред крајот на 2007 година, а во тоа време беа дизјанирани и другите два вида календари. Нивното печатење и дистрибуција се спроведе во јануари 2008 година.

Календарите беа промовирани на некои од настаните на кампањата, а ќе продолжат да се дистрибуираат преку децентрализираните активности, во текот на 2008 година.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми