Техничка документација за санитација во општина Долнени - извршно резиме |
Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници. Целта на проектот е подготовка за подобрување на санитарните услови во селата Пешталево и Секирци, општина Долнени. Проектот предвидува реализација на претпроектни активности кои во понатамошната фаза ќе создадат можности за решавање на проблемот со одведување на отпадните фекални води. Очекуван резултат на проектот е изготвена техничка документација за изградба на канализација со сите потребни одобренија и согласности. Целна група на проектот се рурални заедници. Директни корисници се жителите од селата Пешталево и Костиници, општина Долнени. Според податоците од последниот попис од 2002 година, во двете села вкупно живеат 587 жители од кои: 66,10% Македонци, 24,50 % Албанци, 7,50% Турци, 2 % Бошњаци и 1 % друго. Индиректен корисник на проектот е Јавното комунално претпријатие од Долнени. Општина Долнени е една од фокус општините вклучени во програмата ЛРЗ. Со проектот предвидено е да се изработи техничка документација (основен проект) за изградба на канализација во селата Пешталево и Секирци. Со планираните активности ќе се овозможат предуслови селата Пешталево и Костинци да имаат адекватно одведување на фекалните отпадни води. Во периодот од 2001 до 2004 МЦМС финансиски ја поддржа изградбата на водовод во двете села, каде што системите одлично функционираат, а ЈКП Долнени е одговорно за одржување на истите. Главен партнер на МЦМС во реализацијата на проектот е ЈКП Долнени од општина Долнени. Покрај ЈКП Долнени, во проектот активно ќе бидат вклучени ЕЛС Долени и Месните Заедници на селата Пешталево и Секирци. Целокупната реализацијата на сите активности се одговорност на ЈКП Долнени во блиска соработка со МЦМС. Временскиот период на спроведување на проектот е од 27 март до 30 јули 2008. Буџетот изнесува 612,000 МКД. Сите средства се донација на ДЦА. |