Техничка документација за санитација во општина Долнени - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Техничка документација за санитација во општина Долнени - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници.

Целта на проектот е подготовка за подобрување на санитарните услови во селата Пешталево и Секирци, општина Долнени.

Техничка документација за санитација во општина ДолнениПроектот предвидува реализација на претпроектни активности кои во понатамошната фаза ќе создадат можности за решавање на проблемот со одведување на отпадните фекални води.

Очекуван резултат на проектот е изготвена техничка документација за изградба на канализација со сите потребни одобренија и согласности.

Целна група на проектот се рурални заедници. Директни корисници се жителите од селата Пешталево и Костиници, општина Долнени. Според податоците од последниот попис од 2002 година, во двете села вкупно живеат 587 жители од кои: 66,10% Македонци, 24,50 % Албанци, 7,50% Турци, 2 % Бошњаци и 1 % друго. Индиректен корисник на проектот е Јавното комунално претпријатие од Долнени. Општина Долнени е една од фокус општините вклучени во програмата ЛРЗ.

Со проектот предвидено е да се изработи техничка документација (основен проект) за изградба на канализација во селата Пешталево и Секирци.

Со планираните активности ќе се овозможат предуслови селата Пешталево и Костинци да имаат адекватно одведување на фекалните отпадни води. Во периодот од 2001 до 2004 МЦМС финансиски ја поддржа изградбата на водовод во двете села, каде што системите одлично функционираат, а ЈКП Долнени е одговорно за одржување на истите.

Главен партнер на МЦМС во реализацијата на проектот е ЈКП Долнени од општина Долнени. Покрај ЈКП Долнени, во проектот активно ќе бидат вклучени ЕЛС Долени и Месните Заедници на селата Пешталево и Секирци. Целокупната реализацијата на сите активности се одговорност на ЈКП Долнени во блиска соработка со МЦМС.

Временскиот период на спроведување на проектот е од 27 март до 30 јули 2008.

Буџетот изнесува 612,000 МКД. Сите средства се донација на ДЦА.

Завршен извештај од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet