Санација од штети од поплави во Конче - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Санација од штети од поплави во Конче - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

На 4 декември 2008 година,  општината Конче беше зафатена од лошо време со поројни дождови што предизвика големи поплави и штети, пред се во патната и комунална инфраструктура, дел од индивидуалните и јавни објекти како и сите земјоделски површини.

Ова предизвика отежнато одвивањето на редовната настава во ОУ Гоце Делчев – Конче. Тоа е единствено централно училиште во општина Конче во кое настава посетуваат 241 ученици од 6 села и тоа: Конче, Лубница, Габревци, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ и Ракитец. Покрај нив, во ова централно училиште работи персонал (40 вработени) кои доаѓаат од три населени места (7 од с Конче, 1 од с.Ракитец и 32 од Радовиш).

Општа цел на проектот беше подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основното училиште.

Цел на проектот беше создадени услови за нормален пристап и функционирање на училиштето.

Очекуван резултат од проектот беше санирани патишта и комунална инфраструктура неопходна за нормално функционирање на ОУ Гоце Делчев, с.Конче.

Целна група на проектот се ученици од основно училиште. Директни корисници се  241 ученици и 40 лица персонал во училиштето.
Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот се спроведе во општина Конче.

Активност преку кој беше постигнат овој резултат беше расчистување на насипите од наноси и шут по патиштата, мостовите и пристапните делници со помош на механизација.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на целта на проектот беше дека обезбедени се и други финансии за санирање на штетите од поплавите. Претпоставка на ниво на резултат беше да сите вклучени актери навреме и квалитетно ги отстранат штетите настанати од поплавата.

Информации за проектот доставени се до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС, како и од страна на Општина Конче.

Општина Конче беше одговорна за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ја спроведе општина Конче во блиска сорабока со ОУ Гоце Делчев, ЈКП Лакавица – Конче и ЈП Македонија пат – подружница Штип.

Во текот на спроведување на проектот МЦМС вршеше набљудување на проектните активности. За надгледување на санационите работи општина Конче ангажираше сопствен стручен надзор кој обезбеди теренско контролирање  на санацијата.

Можен ризик за спроведувањето на проектот беше повторување на невремето за времетраење на активностите за расчистување што можеше да предизвика нови штети и проблеми во општина Конче.

Временскиот период на спроведување на проектот беше од 11 до 30 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 120.000,00 МКД. Средствата се алоцирани од фондот на Проектите за модернизација на образованието (ПМО).

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми