Техничка документација и бунар за водоснабдување на општина Јегуновце - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Техничка документација и бунар за водоснабдување на општина Јегуновце PDF Печати Е-пошта

Општина Јегуновце е рурална општина лоцирана во северозападниот дел од Македонија. Денес, општината Јегуновце е составена од две поранешни општини: Јегуновце и Вратница, во која живеат 10,790 жители. Селата од поранешната општина Јегуновце, иако во најголем дел имаат сопствени локални водоводни системи, сепак, заради неодржување на истите, лош квалитет на водата, како и заради проблеми со техничкото функционирање, дел од нив сеуште се соочуваат со проблеми во сопственото водоснабдување.

BOJ101За таа цел, во првата половина на 2007 година Норвешката асоцијација на локални и регионални власти (КС) со локална поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) изготви сеопфатен Секторски план за водоснабдување на 12 села, ограничен на поранешната општина Јегуновце (ПОЈ) и село Озормиште во општина Желино. Врз основа на секторскиот план усогласено е КС во партнерство со МЦМС да ја преземе целокупната одговорност за реализација на програмата за сеопфатно водоснабдување на општина Јегуновце.

Општа цел на проектот е да се обезбеди пристап до доволни количини на здрава вода за пиење во заедниците од општина Јегуновце.

Цел на проектот е комлетирани претпроектни активности кои во целост ке овозможат започнување на изградбата на потребната инфраструктура за водоснабдување на општина Јегуновце.

Очекувани резултати од проектот се изработени основни (главни проекти) за водоснабдување на општина Јегуновце и изведен експлоатациски бунар кој ке обезбеди доволни количини здрава вода за пиење дефинирани со секторскиот план.

Целна група на проектот се жителите на 11 села од општина Јегуновце (сите села од поранешната општина Јегуновце) и село Озормиште од општина Желино. Директни корисници на програмата се вкупно 8,446 жители во 1.962 семејства од 12 населени места.

Целното подрачје на програмата е рурално, односно истата ќе се спроведе во општина Јегуновце со фокус на селата од поранешната општина Јегуновце.

Активности преку кои ќе се постигне овој резултат се: Тестирање на постоечки бунар во с.Јегуновце; Изработка на техничка документација за сите цевководни линииоколу 20 км (само трошоци за локална геодетска компанија); Изградба на истражен и експлоатациски бунар(и); Изработка на техничка документација за резервоар и пумпна станица во с.Јегуновце и с.Сиричино; Изработка на техничка докумантација за Бустер препумпна станица во близина на с.Жилче. За сите овие активности ке бидат спроведени соодветни постапки за предметните набавки вклучително потпишување на договори со избраните консултанти/проектанти.

Во текот на реализација на активностите активно ке бидат вклучени двајца консултанти од Србија со цел консултации за квалитетна изработка на техничката документација и надзор над изведбените работи. Овие консултатни имаат директен договор со КС и не се предвидени во буџетот планиран за овој проект.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на општата цел е: корисниците ќе постават индивидуални приклучување на системот. Тоа значи дека секое семејство со сопствени средства ќе направи приклучување до своите домови. Оваа активност е дел од партиципацијата на локалното население.

Информации за проектот ќе се достават до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС, Општина Јегуновце, Општина Желино, 12те Месни заедници и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

МЦМС има одговорност за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ќе ја спроведе тим од вработените во МЦМС во блиска соработка и консултации со надворешни консултанти од КС. Во текот на реализацијата на сите предвидени активности потребна е активна вклученост на претставници од општина Јегуновце и ОЈП Јегуновце.

Во текот на спроведување на проектите МЦМС ќе врши мониторинг и набљудување на проектните активности. За контрола на градбата на бунарот ангажиран е надоврешен стручен консултант кој ќе обезбеди техничко контролирање на изведбата.

Известувањето ќе се одвива преку организациско и проектно известување.

Временскиот период на спроведување на проектот е од 12 јануари до 30 април 2007 г.

Буџетот изнесува 2,543,940 МКД. Сите средства се донација на Норвешката асоцијација на локални и ре¬гионални власти (КС) (www.ks.com) обезбедени од Норвешкото министерството за надворешни работи (НМНР).

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми