Подготовка на нов модел за заштита од дискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подготовка на нов модел за заштита од дискриминација PDF Печати Е-пошта

Evropska informativna kancelarija na Romite 07Општа цел на проектот беше понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Целта на проектот беше јакнење на капацитетите на граѓанските организации и пред се на државните институции за заедничко делување во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата.

Целна група на проектот беа граѓанските организации и претставници од органите на државната управа, а целното подрачје, Република Македонија.

Со проектот се постигнаа следните резултати: се развија институции за прашањата на еднаквост, се подобрија капацитетите на институциите и нивната меѓусебна соработка; се зајакнаа капацитетите на граѓанските организации членки на коалицијата за недискриминација и на државната управа, се создадоа механизми за мониторинг и известување за дискриминацијата.

Во рамките на проектот беа организирани две обуки: Основна обука за градење на капацитетите за недискриминација и обука за Законот за заштита и спречување од дискриминација и случаи на дискриминација. Обуките беа наменети за државната администрација од различни министерства и претставници на различни граѓански организации.

Во соработка со граѓанската организација ECAS од Брисел, беше организирана студиска посета во Брисел (Белгија). Целта беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации и државните институции за борба против дискриминацијата. На студиската посета учествуваа 12 претставници на Министерството за правда, Народниот правобранител, Секретаријатот за европски прашања, Македонскиот институт за медиуми, ХДЗР Месечина, Полио Плус, МЦМС, АДИ - Гостивар и Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Центарот за човекови права и разрешување конфликти беше ангажиран за подготвка на споредбена студија за анти-дискриминациското законодавство и практики. Публикацијата „Анализа на меѓународните стандарди и најдобрите практики и на постоечките национални закони, политики и планови на антидискримина-торската легислатива“ е објавена и на веб страницата www.mcms.org.mk

Во рамките на проектот беа подготвени периодични извештаи за состојбата во Македонија во однос на дискриминацијата. Публикацијата под наслов „Дискриминацијата во Република Македонија во 2009 и 2010 година“ содржеше два периодични извештаи.

Беше одржана работилница на тема „Предизвици за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација“.На работилницата учествуваа претставници на граѓански организации кои работат на полето на заштитата на човековите права и промовирањето еднаквост, како и претставници на релевантните државни институции.  

Беа организирани и шест тематски форуми со различни теми, со различни целни групи со цел да се истакнат можните полиња за подобрување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Тематските форуми беа организирани во Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Прилеп и Штип.

Исто така беа организирани три јавни расправи, на кои се расправаше за предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација. Членките на Сојузот Македонија без дискриминација учествуваа на четири работилници на ОБСЕ на кои се зборуваше за новиот модел за заштита од дискриминација, односно функционирањето на Комисијата за заштита од дискриминација.

Во соработка со ОБСЕ, беа спроведени и две активности поврзани со овој проект: изработка на програма за работа на Националното координативно тело за недискриминација (НКТН) за периодот 2011-2013 година, како и коментар за говорот на омраза.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми