Форуми во заедниците Крива Паланка и Македонски Брод - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форуми во заедниците Крива Паланка и Македонски Брод PDF Печати Е-пошта

Законот за локална самоуправа го дефинира "непосредното учество на граѓаните" како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одлучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

Во Македонија сеуште постои пракса на пасивност за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика.

Јавните дискусии за состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво се основа за развој и афирмација на граѓанското учество и начин на практикување на партиципативно и отчетно добро владеење на локалната самоуправа.

Форуми во заедниците Крива Паланка и Македонски БродОпшта цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците преку зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците.

Целна група на проектот се граѓаните од општина Крива Паланка и општина Македонски Брод.

Целното подрачје ја опфаќа територијата на општините Крива Паланка и Македонски Брод.

Очекувани резултати на проектот се: Развиени вештини и ставови на граѓаните и ЕЛС за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на форумите.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Одржување на форумски сесии (дискусии), Работилници, обуки и консултации за: проектно планирање, формулација на проекти и подготовка на буџети, и Финансирање и набљудување на спроведувањето на проектите избрани на форумите.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е транспарентно и отчетно работење на локалните самоуправи, стекнатите знаења и вештини од форумскиот процес да најдат практична примена во системите и процедурите на локалните самоуправи и да бидат искористени на најдобар можен начин во подобрување на функционирањето на ЛС.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со општините Крива Паланка и Македонски Брод имаат одговорност за негово спроведување.

За остварување на целите на проектот можни ризици се: немотивираноста на граѓаните масовно/во доволен број континуирано да присуствуваат на форумскиот процес. Исто така, небалансирано родово, етничко и старосно учество исто така може да биде ризик за неопфат на дел од интересните страни. Капацитетите на локалната самоуправа и локалните партнери посебно во процесот на реализацијата на избраните проекти на форумот ќе биде значаен влијателен фактор за успешноста, навременста и квалитетот на изведбата на проектите.

Временскиот период на спроведување е од 11 јули 2011 до 31 декември 2012 г.

Финансискиот план на проектот изнесува 8.260.748 МКД.

 

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми