Показатели (РПЦ/Индикатори) |
|
|
|
Показателите се раководни алатки кои играат важна улога при планирањето, мониторингот и оценувањето на проектите. Показателите се во широка употреба при раководењето со проекти. Правилниот избор и формулација на показателите е важна за планирањето на самата интервенција, како и за дизајнирање на мониторинг системот со цел да се информира раководството за напредокот на интервенцијата. Показателите за планирање, мониторинг и оценување имаат благо различни цели, што може да доведе до значителна збрка ако употребените термини не се правилно дефинирани.
Што се показатели? Тоа се променливи (варијабли) чија цел е да ја измерат промената во настаните или процесите. Променливите се фактори кои може да се менува во квантитет, квалитет или големина, а кои мора да ги земете предвид кога ја разгледувате ситуацијата во целост.
Содржина
- Концепти и показатели во секојдневниот живот;
- Анализа на контекстот преку показатели;
- Показатели за организациска анализа;
- Планирачки и СМАРТ показатели;
- Показатели за набљудување и оценка;
- СПИЦЕД показатели за мерење на влијанието.
|