Вештини за фацилитација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вештини за фацилитација PDF Печати Е-пошта

Вештини за фацилитацијаСостанок на кој учесниците партиципираат е моделот што сите го посакуваат. Учеството создава очекување дека резултатот од состанокот учесниците ќе ги почитуваат и ќе се погрижат договорените работи да се спроведат.

Во партиципативните групи, сите членови се поттикнуваат да проговорат и да кажат што имаат на ум. Ова ја зајакнува групата на неколку начини. Членовите стануваат похрабри при покренувањето на тешките прашања. Учат како да ги споделат “првичните” идеи. И стануваат многу попосветени на откривањето и прифаќањето на различноста на мислењата и потеклата битни за нивната група.

За да се постигне одржлива согласност, членовите треба да ја разберат и да ја прифатат легитимноста на потребите и целите на другите. Ова основно чувство на прифаќање и разбирање е она што им овозможува на луѓето да развијат иновативни идеи, кои ги вклучуваат гледиштата на сите нив.

Вклучителните решенија се мудри решенија. Нивната мудрост произлегува од интеграцијата на потребите и гледните точки на сите.

Во партиципативните групи, членовите чувствуваат силна одговорност да создаваат и да развиваат одржлива согласност. Тие сваќаат дека мора да сакаат и да бидат во состојба да ги спроведат предлозите кои ќе ги прифатат, затоа се трудат да дадат и да примат што повеќе информации пред да ја донесат конечната одлука. Ова е во остра спротивност со конвенционалната претпоставка дека сите ќе бидат земени на одговорност за последиците од одлуките донесени од неколку клучни луѓе.

Содржина

  • Вовед во фацилитација;
  • Основни елементи на фацилитаторскиот процес;
  • Улогата на фацилитаторот;
  • Вештини на фацилитација (парафразирање, сумирање, охрабрување, собирање идеи и мислења, воспоставување ред и рамнотежа, правење простор);
  • Состаноци: содржина, процедури и процес (групна динамика);
  • Ефективно водење состаноци
 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми