Менторство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Менторство PDF Печати Е-пошта

Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или организации со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење.

Менторство може да биде насочено кон подобрување на сите аспекти на организациското работење: внатрешни организациски процеси и процедури, управување со ресурси, комуникација и односи помеѓу вработените, тимската работа, лидерството, комуникација и односни со партнери и клиенти, поставување на цели, годишно планирање, стратешко планирање и друго.

Крајна цел на процес на менторство е подобрување на организациската ефикасност и ефективност преку втемелени процеси на организациско учење и воспоставени нови иновативни пристапи во работењето.

Процесот на менторство се спроведува во организациите баратели на ваков тип консултации од страна на високо професионален, искусен и посветен тим на консултанти на МЦМС со практична примена на методологиите кои МЦМС ги користи во соодветните обуки.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми