Курсеви - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Курсеви PDF Печати Е-пошта

Курсевите се организирани настани со цел да овозможат процес на обука во група на учесници кој е олеснет од компетентно лице-обучувач/фацилитатор.

Методите и техниките кои се користат на курсевите на МЦМС (презентација, бура од идеи, групна работа, студија на случај, игри, дискусии и драматизација) се интерактивни и стимулираат комуникација и споделување на искуствата помеѓу учесниците и обучувачите, како и меѓу самите учесници. Се користат богати визуелни и нагледни средства, вклучувајќи графоскоп, Power Point презентации и анимации.

За да обезбеди ефективност и активно учење на курсевите МЦМС преферира работа со помали групи и го ограничува бројот на учесници на максимум 20 учесници во една група со двајца обучувачи (10 учесници на еден обучувач). Курсевите вообичаено се организирани во времетраење од минимум 2 до максимум 5 дена, со сесии од по 90 минути меѓу кои има паузи за оброк и/или кафе.

Курсевите на МЦМС се спроведуваат како стандардни и скроени курсеви за обука. Стандардните курсеви се одвиваат според веќе развиена програма стандардна за одредена тема. Скроените курсеви се одвиваат според програма која се подготвува по барање и за конкретни потреби овозможувајќи специјален фокус на теми и прашања кои се специфични и битни за нарачателот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми