Гонце Јаковлеска - Консултант - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Гонце Јаковлеска - Консултант PDF Печати Е-пошта

Гонце ЈаковлескаГонце Јаковлеска, Консултант/Обучувач
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Родена е на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки во Белград, а во моментов е на пост-дипломски студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Ангажирана е во МЦМС од 1996 година и има 14 годишно искуство во практикување на односи со јавноста и комуникација со медиуми.

Како соработник за односи со јавноста, од 2003 година, таа е вклучена во развивање програма и спроведување обука за односи со јавноста. Обуките за односи со јавноста до сега ги спроведувала за луѓе со различно образовно, етничко, културно и верско потекло. Тоа биле активисти на граѓански организации, здруженија на земјоделци, претставници на државните институции, локалната самоуправа и за претприемачите. Во текот на обуката таа користи различни обучувачки и презентациски техники кои ги предизвикуваат учесниците и ги вклучуваат во процесот на учење.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Референци