Обука низ работа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука низ работа PDF Печати Е-пошта

Обуката низ работа е заснована на принципот “учење преку работење“ односно учење додека се извршува одредена работа на работно место. Таа вклучува водење од страна на ментор (поискусен вработен, раководител). Менторот покрај објаснувањето и покажувањето на работните задачи му дава и соодветна повратна информација на учесникот во обуката низ работа. Обуката низ работа може да се спроведе преку делегирање специфични задачи, преку ротирање на повеќе работни места во организацијата или преку учество во различни проекти во зависност од потребите на учесникот и на организацијата.

Обуката низ работа во МЦМС се спроведува по барање, а нејзиниот вид се договара со организацијата која има потреба од обука низ работа на своите вработени или активисти или пак со поединецот кој е заинтересиран за овој тип обука. Во МЦМС обуката низ работа се спроведува преку менторство од страна на искусен соработник во областа на интерес на учесникот.

Менторот го запознава учесникот со општите информации и специфичните програми на МЦМС. Учесникот со водство на менторот извршува секојдневните работни задачи. Менторот му дава повратна информација на учесникот за квалитетот и навременоста на извршената задача со препораки за подобрување. Учесникот во текот на целата обука има можност за консултации не само со менторот, туку и со другите релевантни соработници во МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Методологија