Лазар Неданоски - Консултант |
|
|
|
Лазар Неданоски, Констултант/Обучувач
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Роден е на 03.01.1976 година во Охрид. Дипломира на Факултетот за туризам во Охрид и моментално е на постдиспломски студии од областа на монетарна економија на Економскиот факултет во Скопје. Од 2007 година е и овластен инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Неговото професионално искуство го гради од 2001 година, како дел од тимот кој раководи со Македонската развојна фондација за претпријатија – организација со вкупни средства од 10 милиони евра, посветена на развој на финансиски услуги и претприемништо. Неговата експертиза е поврзана со финансиски услуги, инвестиции, развој на мали и средни претпријатија, претприемништо и деловно планирање. Ко-автор е на неколку публикации на овие теми. Неговите ангажмани вклучуваат проекти предводени од Resources Global Professionals, МДФ Холандија, Светска банка, Бабсон колеџ и Лондонската школа за бизнис. Своите знаења и искуства ги остварува во континуитет кај врвни консултански куќи и универзитети како Харвард, Универзитетот во Болоња, Бледската школа за менаџмент и ОЕЦД Тренто центар. Има напредни познавања на повеќе софтверски алатки. Одлично говори македонски (мајчин) и англиски јазик.
|