Александар Кржаловски - Консултант - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Александар Кржаловски - Консултант PDF Печати Е-пошта

akrАлександар Кржаловски, Консултант/Обучувач
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Роден е на 19.6.1969 г. во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1993 г. Во МЦМС е ангажиран од 1995 г. Од тогаш има посетено повеќе обуки во организација на МДФ, Холандија, но и други меѓународни консултантски куќи. Како координатор на повеќе програми во МЦМС се стекнува и со практично искуство во координација и раководење со проектен циклус, а како дел од раководството на МЦМС и со подготовка на стратегии, деловни планови и извештаи. Кржаловски го пренесува стекнатото знаење и искуство како консултант и обучувач на различни актери во општеството: граѓански организации, цркви и верски заедници, државни институции повеќе од 10 години. Од 2000-та година неговото знаење и искуство се надополнува со учество во оценка на организации и програми и во анализа и проценка на потребите на организациите и институциите. Негови клучни квалификации се: проценка на потребите, организациска и програмска оценка, раководење со проектен циклус и програми, логичка рамка и финансиско раководење.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Консултанти