Кажи ОК за МК - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кажи ОК за МК PDF Печати Е-пошта

ok-za-mkОпшта цел на проектот беше да се придонесе за јакнење на граѓанскиот активизам и на свеста на граѓаните за потребата од одржлив и динамичен граѓански сектор способен да одговори на предизвиците и приоритетите на домашната јавност.

Целта на проектот беше да се поттикне и организира широка јавна акција, во насока на поддршка на процесот на зачленувањето на Република Македонија во Европската унија (специфично, за добивање статус на земја-кандидат за членство).  Тоа требаше да се постигне со медиумска кампања под слоганот “Кажи ОК за МК”, насочена кон граѓаните на Република Македонија (поттикнување на позитивно размислување за Македонија, во смисла Македонија е ОК и кон Европа и нејзините институции (Кажете ОК за Македонија).

Додадена вредност на проектот беше можноста дел од предвидените активности да бидат искористени за мобилизација на средства од домашни извори (граѓани, бизнис и јавен сектор).

Целна група на проектот беше општата јавност во Македонија (главно граѓаните на 15-60 годишна возраст). Секундарна целна група беа европските институции, медиумите и граѓаните.

Кампањата Кажи ОК за МК, го привлече вниманието на пошироката јавност. Кампањата се состоеше од следните активности:

  • воведна анкета (за специфично определување на целните групи);
  • прес-конференција за објавување и промовирање на кампањата;
  • објавување на рекламни огласи и летоци (инсертери) во дневните весници;
  • изготвување и дистрибуција на промотивен материјал (разгледници и маици).

Воведната анкета беше направена во периодот од 17 до 23 октомври 2005 година. Граѓаните се изјаснија по четири прашања:

  • Дали саката Македонија да стане членка на ЕУ?
  • Дали мислите дека Република Македонија ги исполнува условите за прием во ЕУ?
  • Дали мислите дека владата на Република Македонија прави доволно за процесот на евроинтегрирање? и
  • Дали вие, како граѓанин, би учествувале во некоја акција за поддршка на македонскиот влез во ЕУ?

Анкетата покажа дека 91,2% од анкетираните сакаат Македонија да стане членка на ЕУ, 56% сметаат дека Македонија ги исполнува условите за влез во ЕУ. Вкупно 50,5% сметаат дека Владата прави многу или доволно за процесот на евроинтеграција, а 40,2% сметаат дека не се прави доволно. Дури 57,2% од граѓаните би се вклучиле во граѓанска акција за да го поддржат македонскиот влез во ЕУ.

Овие резултати и најавата на следните активности беа презентирани на прес конференција што се одржа на 28 октомври 2005 година.

Без изработени три типа разгледници. Првата дистрибуција преку дневните весници: Вест, Време, Утрински весник, Факти и неделникот Форум беше направена во почетокот на ноември. Картичките со порака: “Ало Влада до каде сме” беа наменети на Владата на Република Македонија.

Првиот позитивен сигнал, препораката за кандидатски статус на Република Македонија во ЕУ стигна од Комисијата на ЕУ на 9 ноември 2005 година. МЦМС реши да продолжи со кампањата до конечниот одговор на Советот на министрите на ЕУ кој беше најавен за 15 декември.

Втората дистрибуција содржеше два типа разгледници кои ги носеа пораките: “Кажи ОК за МК” и “Лет’с тхе сунсхине ин”, беа дистрибуирани преку дневните весници: Утрински весник, Дневник, Факти, Коха диторе и неделникот Форум. Картичките содржеа објаснување за кампањата, логоата на организаторите и адресите на членовите на Советот на министри, односно министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ како и адресите на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија.

На брифинг новинарите беа известени за дотогашниот тек на кампањата и следните чекори. Брифингот беше искористен за дистрибуција на картичките за новинарите. Уште еден настан беше искористен за јавно пополнување и испраќање на картичките, петиот НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија. На штандот на МЦМС, заинтересираните можеа да пополнат и испратат картичка. Беше искористена можноста и голем број јавни личности кои го постија НВО Саемот пополнија и картичка Кажи ОК за МК, меѓу нив: претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, Ерван Фуаре, специјалниот претставник на Европската Унија во Македонија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија, вицепремиерката Радмила Шеќеринска… Според податоците со кои располага МЦМС (што ги подразбира само картичките испратени од МЦМС) изпратени се вкупно 1,467 картички од кои 1047 во странство, односно до членовите на Советот на министри на ЕУ и 453 во Македонија, односно до амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија.

Кампањата беше иницирана во соработка со Форум и Потрага по заедничка основа, а во целост беше раководена и спроведена од МЦМС. Во рамките на МЦМС проектот е крос-секторски и беше спроведен од соработници од различни одделенија.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 20 октомври - 31 декември 2005 година.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Јакнење свест и кампањи За кампањите