Даниела Стојанова, Соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 980
Даниела Стојанова е родена на 11 јуни 1977 година во Скопје. Има дипломирано на комуникации и медиуми, а во тек се и постдипломските студии на истата насока. Од 1992 година активно членува во граѓанските организации, а од 1996 до 2001 г. вршеше повеќе одговорни функции во Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ). Во 2000 г. учествуваше во иницијативата и основањето на Мрежата на еколошки НВО од Југоисточна Европа, а од 2001 до 2004 година раководеше со Секретаријатот на истата. Од 2000 до 2004 г. беше член на Работната група за Регионалната програма за обнова на животната средина при Пактот за стабилност. Како дел од првиот тим обучувачи во Македонија во периодот од 1996 до 2002 г. прими и испорача повеќе обуки за граѓанските организации во Македонија. Во периодот 2003-2004 година активно учествуваше во иницијативата за основање на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), а од 2004-2006 година беше одговорна за Секретаријатот на ГПМ. Од 2004 година работи во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), каде до 2012 г. раководеше повеќе проекти за развој на граѓанското општество, а во периодот 2012-2014 ја раководеше програмата „Оспособување на жените погодени од конфликтот“. Во моментов е национален проектен координатор во програмата за развој на граѓанското општество „Цивика мобилитас“. Дел од нејзиното портфолио се и мобилизацијата на ресурси и истражувањата. Даниела е член на Советот за статистика на Република Македонија и на Секторскиот мониторинг комитет на првата компонента на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ.
http://mk.linkedin.com/in/danielastojanova
|