Димче Митревски - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Димче Митревски PDF Печати Е-пошта

Димче МитрескиДимче Митрески, Извршен директор
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3088 998

Роден на 05.11.1968 година во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 година. Тој е дел од средното раководство и одговорен за раководењето на Одделението за развој. Претходно бил член на ССУКМ како секретар за спорт и социјална политика. Активно е вклучен во градењето на капацитетите на локалната самоуправа во Македонија преку развој и спроведување на обуки. Неговите клучни квалификации се: Раководење со проекти и програми, Набљудување и оценување на проекти и програми, Стратешко планирање, Акциски планови за локален економски развој, Формулација на проекти и пристап до донатори. Митрески гради силни врски со општините и со националните организации на општините (ЗЕЛС, АДКОМ, ЗФР). Тој координираше мрежа од 22 граѓански организации кои работат на хуманитарна помош за време на косовската бегалска криза во 1999 година. Има големо искуство на полето на водоснабдувањето и санитацијата на заедниците во Македонија. Од 2004-та година, неговото искуство се надградува и со учества во консултантски мисии за изработка на неколку стратешки документи. Со новите искуства во Стратегија за реформи за комунален развој и реконструкција на училиштата, тој го надоградува својот капацитет како експерт за општински и развој на јавни сервиси. Моментално е координатор на програмите: Форуми во заедницата, водоснабдување и модернизација на образованието.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/dimcemitreski

 


Dimce Mitreski t(1)   
Dimce Mitreski t(2)   Dimce Mitreski t(3)   Dimce Mitreski t(4)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Јакнење свест и кампањи Листа на кампањи