Најдобрите практики на независни механизми за еднаквост во ЕУ и во регионот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најдобрите практики на независни механизми за еднаквост во ЕУ и во регионот PDF Печати Е-пошта

Автори: Осман Кадриу; Фисник Шабани
Дата: јануари, 2014 година
PDF:   analiza-najdobri-praktiki-na-nezavisni-mekanizmi-za-ednakvost-vo-EU-i-regionot-mkd.pdf

kzd-korica-pubЗаштитата на еднаквоста во Република Македонија е уставна материја (materiaconstitutionis). Врз основа на тоа, позитивната регулатива на земјата ги предвидува и гарантира посебните тела и органи за заштита од дискриминација, како што се судовите, Уставниот суд, народниот правобранител, парламентарните комисии, како и Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД).

Оваа студија истражува неколку од меѓународните механизми за заштита на човековите права, еднаквоста помеѓу луѓето и борбата против дискриминацијата. Во неа е направена споредбена анализа и се претставени неколку од европските практики на институции и тела кои се надлежни за гарантирањето на еднаквоста во соодветните држави.

Покрај другото, една од целите на оваа студија е да се добијат надворешните добри искуства кои ќе се споделат со надлежните институции во Република Македонија, особено Комисијата за заштита од дискриминација.

Студијата, во некоја рака, ќе содржи конкретни препораки и предлози за подобрување и зајакнување на нивните капацитети.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Ресурсни материјали