Стратегија за соработка на општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов постојан развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за соработка на општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов постојан развој PDF Печати Е-пошта

Дата: 2012 година
PDF: strategija-jegunovce-mk.pdf

strategija-jegunovce-mkСоздавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела, особено на локално ниво во процесот на креирање на политиките и други акти е основа на партиципативната демократија. Вклучувањето во креирањето на локалните политики во руралните средини како што е и општина Јегуновце исто така подразбира и мобилизирање на целата јавност и создавање услови за изразување на сопственото мислење, не само на организиран начин преку граѓанските организации, туку и директно од страна на граѓаните. Затоа, општина Јегуновце во целост ги препознава важноста и улогата и на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси во општината и општо во развојот и подобрување на живото во заедницата, но исто така со оваа стратегија ќе создадат услови да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните. Од своја страна граѓанскиот сектор во општина Јегуновце, иако недоволно развиен, сепак во изминатиот период во одредени области врши важни општествени функции.

Најголемо влијание е направено во областа на родовата рамноправност и едукација за жените од руралните подрачја, како и организации кои ја промовираат културата, ги поддржуваат младите и спортот.

Тргнувајќи од овие факти, општина Јегуновце одлучи да го поттикне граѓанскиот активизам во општината, да унапреди соработката со граѓанските организации и да придонесе кон нивни постојан развој. Овој стратешки документ и активностите предвидени во него ќе претставуваат водечка рамка за политиката на општината кон граѓанскиот сектор и кон поттикнување на граѓаните да бидат вклучени во креирањето на локалните политики. Усвојувањето на Стратегија за соработка на општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов постојан развој е индиректен придонес и кон реализирање на една од стратешките заложби определени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011 г.). Имено, во седмата цел од националната стратегија предвидено е „Преку промовирање на целите и мерките на стратегијата на локално ниво, единиците на локалната самоуправа ќе ја препознаат важноста на соработката и развојот на локалните граѓански организации и ќе можат да усвојат слични механизми за соработка и вклучување на граѓанските организации во спроведување заеднички активности“.

Процесот на подготовка на стратегијата е воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ спроведуван од МЦМС, а финансиски поддржан од Европската Унија преку инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Стратегијата е усвоена на 29 декември 2011 г. на 34 седница на Советот на општина Јегуновце.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Ресурсни материјали