Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија PDF Печати Е-пошта

Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски, Сунчица Саздовска, Гонце Јаковлеска
Дата: септември 2006 година
ISBN: 9989-102-32-5
PDF:
doverbata-odgovornosta-za-opstevenite-prasanja-i-dobrotvorstvoto-vo-makedonija-2006.pdf

Довербата, одговорноста за општествените прашања и  добротворствотоИзвештајот “Довербата и добротворството во Македонија” е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации и да се провери колку граѓаните се подготвени да даруваат.

Анкетите покажаа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба (54,5%) и довербата во институциите.

Во поглед на довербата во граѓанските организации, граѓаните се поделени (50.3% имаат доверба, а 49.7% немаат). Кај ставовите, кому му служат граѓанските организации, големо мнозинство од граѓаните се изјасниле дека делумно/целосно се согласуваат со ставот дека граѓанските организации им служат на граѓаните (76,7%), за разлика од 55,1% кои делумно/целосно се согласуваат со ставот дека граѓанските организации им служат на интересите на странските држави и фондации. За граѓаните, граѓанските организации се непартиски но, злоупотребувани од партите.

Општото познавање на граѓанските организации е добро, големо мнозинство (67.2%) од граѓаните знае да наведе конкретни граѓански организации. Значително послабо граѓаните ја познаваат работата на граѓанските организации во конкретни области.

Во поглед на добротворството граѓаните ја перципираат државата како најодговорна за решавањето на општествените потреби.

Високите очекувања кон државата, со пониски очекувања од самите граѓани и скоро отсуство на очекувања од деловниот сектор оди во прилог на етатистичката култура, како остаток од државниот социјализам, односно мала јавна поддршка од устројувањето на Македонија како либерално-демократски уставен систем.  Висока е и перцепцијата на “себичност” кај другиот, во солидарност веруваат само 26.4%. Граѓаните сметаат дека социјалната помош не е решение на проблемите, туку вработувањето, а од друга страна она за што би дарувале може да се класифицира како социјална помош.

Дека довербата е од круцијално значење за добротворството потврдува и ставот на 42,6% од испитаниците кои сметаат дека средствата не е употребуваат наменски. Подобрувањето на информирањето за користењето на помошта би придонело да се подобри довербата.

Иако даруваат многу луѓе (83,2% во последните 12 месеци дарувале барем еднаш) сепак мал е процентот на оние што тоа редовно го прават. Извештајот ги потврди претпоставките дека граѓаните најмногу даруваат за здравје, деца, млади и лица со посебни потреби и тоа најчесто во пари. Вообичаената сума се движи од 10 до 100 денари што е намалување во однос на вообичаената сума на дарување во 2001 година која изнесувала помеѓу 100 и 500 денари.

Граѓаните најмногу сакаат да даруваат директно и на рака. Причините за директното дарување најчесто се образлагаат со одбегнување на злоупотреба (31,1%) и желбата да се види кому му се дава помошта (26,6%). Ова е во спротивност со ставот на 17.9% од испитаниците кои очекуваат да добијат информација за помошта.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации