Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран криминал [1 дел] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран криминал [1 дел] PDF Печати Е-пошта

Автори: Емилија Туџаровска-Ѓорѓиевска, Тим на експерти
Дата: февруари 2015 г.
ISBN: 978-608-4681-28-1
PDF МК:  sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminal.pdf
PDF EN: monitoring_the_links_between_corruption_and_organized_crime_1.pdf

sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminalКорупцијата и организираниот криминал се негативни феномени кои со своето влијание создаваат декомпозиција на општеството, го оспоруваат економскиот раст и го зголемуваат степенот на сиромаштија. Дополнително, нивното влијание го поткопува владеењето на правото и ги уназадува напорите за демократизација особено на  постранзициски општества.

Борбата против овие два негативни трендови подразбира систематски приод од сите чинители на една земја. За таа цел, особено важно е јакнењето на капацитетите на граѓанските организации во следењето на корупцијата, на врската со организираниот криминал и јакнењето на свеста на граѓаните за негативното влијание врз нивниот секојдневен живот.

Проектот „Борба против корупција и организиран криминал“ спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Центарот за изучување демократија (ЦИД) од Бугарија ја има токму таа цел: да ја поттикне проактивноста на граѓанското општество за да влијае врз јавните политики, да ја оддржи одговорноста на релевантните институции и да придонесе кон јакнење на интегритетот на целокупното општество.

Следењето на врската меѓу корупцијата и организираниот криминал е пилот проект во Р. Македонија и за првпат се спроведува со цел да послужи и како алатка за подобро следење на овие негативни појави од страна на релевантните државни институции, како што е Министерството за внатрешни работи на Македонија итн.

Документите за јавна политика – прв дел се дел од овој проект и дава преглед на три аспекти од следењето на корупцијата и организираниот криминал. Во првиот документ за јавна политика се анализира слободата на независното известување, состојбата со истражувачкото новинарство, како и соработката на граѓанските организации со медиумите во следењето и информирањето за корупцијата и организираниот криминал.

Вториот документ за јавна политика дава преглед на глобалните и регионалните мерки за следење и процена на заканите од организиран криминал. Во овој дел се дава анализа на Извештајот за процена за закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), како и на методологијата за процена за закани од сериозен и организиран криминал, со кои се проценуваат слабостите и можностите за криминал, специфични за одредени региони и земји-членки на ЕУ, со цел да се понуди алатка и за земјите-кандидати членки на ЕУ, како што е Македонија.

Третиот документ за јавна политика дава преглед на дефиницијата за поврзаноста на корупцијата и организираниот криминал. Овој дел нуди анализа на неколку клучни аспекти како што се: корупција во судството и организиран криминал, политичка корупција во судството и организиран криминал, полициска корупција и организиран криминал итн.

Документите за јавна политика – прв дел, се дел од проектот „Борба против корупција и организиран криминал“, финансиран од ЕУ.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации