Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација PDF Печати Е-пошта

Автор: Николаки Миов
Дата: 2013 година
ISBN: 978-608-4681-15-1
PDF: 2013-ekonomski-aktivnosti.pdf

ekonomski-aktivnostiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во своите обиди за создавање овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации подготвува публикации наменети за информирање, поддршка и помош на граѓанските организации за можностите кои главно произлегуваат од околината која го регулира нивното работење.

Првата публикација на тема „Економски активности на граѓанските организации - компаративен преглед“  беше издадена во 2007 година, од страна на МЦМС, заедно со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ), а поддржана од Европската Унија. Во периодот кој следеше, МЦМС и ЕЦНЛ продолжија да ги промовираат можностите за вршење економски активности за граѓанските организации кои произлегуваат од донесувањето на новиот Закон за здруженија и фондации (ЗЗФ).

Прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ е наменет за граѓанските организации кои се занимаваат или пак сакаат да започнат да се занимаваат со економски активности. Целта на прирачникот е појаснување на можностите за вршење економски активности и други прашања поврзани со нив и поттикнување на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности. Прирачникот е сочинет од две основни целини. Во првата се дадени кратки одговори на триесетина клучни прашања поврзани со вршењето дејност со која се остваруваат приходи за граѓанските организации. Во вториот дел содржани се подетални информации за сметководствените политики и други поврзани прашања во ситуација кога организацијата се занимава со економски активности согласно ЗЗФ.

Прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамките на проектот „Овозможувачка правна рамка“. Целта на проектот е создавање овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. МЦМС го спроведува проектот во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации