Еднакви можности и (не)дискриминација во изборните програми - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Еднакви можности и (не)дискриминација во изборните програми PDF Печати Е-пошта

Автор: Дервиша Хаџиќ-Рахиќ
Дата: јуни 2011 година
ИСБН: 978-608-4617-30-3
PDF:   ednakvosta-i-nediskriminacijata-vo-izbornite-programi.pdf

ednakvosta-i-nediskriminacijata-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за еднаквост/недискриминација.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Употребените дефиниции за еднакви можности и дискриминација се преземени од Поимникот на термини поврзани со дискриминацијата (МЦМС, 2008).

Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации