Довербата во граѓанското општество |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: Сашо Клековски; Александар Кржаловски; Сунчица Саздовска и Гонце Јаковлеска
Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите. Граѓаните имаат висока доверба во сличните - доверба во семејството (97.8%) и пониска општа доверба (23.1 %) и доверба во институциите. Образовните институции (65.8%), армијата (64.6%), полицијата (56.6%) и јавните здравствени организации (55.1%), ја имаат довербата на мнозинството, а јавните комунални претпријатија (38.8%) на малцинството. Се забележува понатамошен пораст на довербата во Владата (и на државата). Довербата во Владата е зголемена на 51% од 44.6% во 2007 година и 26,6 % во 2006 година. Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%) и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%. Според податоците, во Македонија е во пораст недовербата и нетолерантноста кон различни групи. Во однос на претходната година за сите групи, освен за лицата зависни од алкохол и за жртвите на насилство, резултатите покажуваат зголемена нетолерантност. Големо мнозинство од испитаниците не сакаат соседи кои се зависници од дрога (93,1%), зависници од алкохол (85%), лица заболени од сида (84,7%) и хомосексуалци (83,1%). Мнозинството не ги сакаат за соседи жртвите на насилство (58,6%) и Ромите (52,6), додека малцинство не сакаат да живеат покрај имигранти/странски работници (36,5%). Мало малцинство од испитаниците не сакаат соседи да им бидат луѓе од друга вера (30,6%), луѓе од друга етничка припадност (30,2% и невенчани парови кои живеат заедно (28,2%). Истражувањето покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7%. Мнозинство од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста. Мнозинство граѓани (56,1%) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година. Граѓаните имаа најмногу доверба во секторите: лица со посебни потреби (65,5%), деца, млади и студенти (65,2%) и жени и родови прашања (61%). |