Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2015 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2015 PDF Печати Е-пошта

Автор: Симона Огненовска
Дата: април 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-55-7
PDF:  izvestaj-za-ovozmozuvacka-okolina-na-go-vo-mk-2015.pdf

izvestaj-za-ovozmozuvacka-okolina-na-go-vo-mk-2015Трета година по ред, МЦМС го издава Извештајот за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Во извештајот се следат состојбите во националното законодавство и политиките важни за развојот на граѓанското општество во Македонија и нивната примена во пракса. Следењето беше спроведено во рамките на трите клучни области:

Основни загарантирани законски слободи;

  1. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  2. Односот меѓу Владата и граѓанските организации.
  3. Околината во која дејствуваат граѓанските организации е релативно овозможувачка.

Во првата област, правната рамка која го поддржува и овозможува функционирањето на граѓанското општество е солидна, преку гарантирање на слободите на здружување, собирање и изразување, кои се законски загарантирани и усогласени со меѓународни и европските закони. Во практика, во 2015 година не се забележани случаи на ограничување на слободата на здружување. Организациите иако работеле без случаи на директни вмешувања и санкции, сепак се соочиле со индиректни притисоци како ненајавени посети од инспекции, вербални напади и говор на омраза. Правото и слободата на јавен собир е значително практикувано во текот на 2015 година, иако се забележани недоследности во примената на легислативата. Регистрирани беа и ограничувања на пристап до местата за собир. Во однос на слободата на изразување, граѓанското општество практикуваше самоцензура и внимателност, а засилен беше и говорот на омраза. 

Во рамки на втората област, државното финансирање, вклучително и средствата генерирани од игри на среќа и забавни игри (лотарии) не е реформирано. Отсуствува институционалната поддршка од државата за граѓанските организации, како и кофинансирање за ЕУ и меѓународни проекти. Даночното законодавство и понатаму ги изедначува граѓанските организации со другите профитни субјекти, а со одредени одредби ги става и во понеповолна положба.

Третата област која го разгледува односот меѓу владата и граѓанските организации упатува на недостиг од политичка волја за суштинска соработка. Дијалогот помеѓу Владата и граѓанското општество е недоволно развиен. Иако во текот на 2015 г. беше започната дискусијата за предлог одлуката за воспоставување на совет за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнувањето на развојот на граѓанското општество, таа сепак не беше усвоена. Влошена е и состојбата на вклучување на граѓанските организации во креирањето на политиките  и подготовката на закони.

Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања