Прирачник за граѓански организации - извори на финансирање од ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за граѓански организации - извори на финансирање од ЕУ PDF Печати Е-пошта

Автор: Марика Харјула
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-41-4
PDF:
bgp-br3-priracnik-za-gragjanski-organizacii-izvori-na-finansiranje-od-evropskata-unija-2007.pdf

Прирачник за граѓански организации - извори на финансирање од ЕУЦелта на нашиот прирачник е да се обезбеди краток преглед кој ги спојува информациите распрскани по веб-страниците на различни генерални директорати на Комисијата. Ако го користите нашиот прирачник за идентификација на можни програми од интерес, па потоа да се обратите на посочените веб-страници, ќе најдете повеќе детали за програми и повици за тендери, каде има разлика од еден генерален директорат (ГД) до друг. Примери за видовите на финансирани проекти се достапни на веб-страниците на некои од ГД.

Европската комисија е секако најголемиот донатор на Европа. Се проценува дека 1 милијарда евра (од вкупниот буџет од околу 100 милијарди евра) се расположливи за проекти на граѓански организации (ГО), а тоа е врвот на ледениот брег. Многу е сторено во последната деценија од страна на самите ГО со поддршка на европскиот парламент во насока на зголемување на буџетот фокусиран повеќе на економските политики кон практично секоја област на активност генерирана од граѓанските асоцијации. Поради ова, проблемот не е во недостигот на програми или фондови. Тие покриваат многу широк делокруг на активности. Практично, секој проект кој има вистинска европска димензија и може да се поврзе со политиките на ЕУ, наоѓа соодветен фонд. Проблемот лежи повеќе во имањето добра стратегија за приоѓање до буџетот на ЕУ.

Ако вие и вашата организација потрошите неопходно време на усвојување на стратешкиот преглед и проценување на основните правила со цел да се избегнат стапиците во усогласувањето на договорите и управувањето со финансиите, апсолутно не постои причина да продолжите да ги губите можностите нудени од европските проекти. Поради ова, во ова воведно поглавје ние сме вклучиле совети за олеснување на добивањето европски фондови.

Успешното добивање фондови почнува со способноста за приоѓање до точните информации за тоа што се бара. Потоа, ова мора да биде придружено од решеноста да се оди докрај. Потребно е исто така да ги процените аргументите за и против финансирање од ЕУ.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации