Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони PDF Печати Е-пошта

Автори: Марија Саздевски, Симона Огненовска
Дата: Април 2013
ISBN: 978-608-4681-08-3
PDF: analiza-ucestvo-na-javnosta.pdf

ucestvo-vo-javnosta-mkВажноста на јавното учество во креирањето на политиките сѐ повеќе се зголемува во глобални рамки и голем број препораки се создадени за вклучување на јавноста и граѓанските организации во овие процеси. Покрај тоа што станува збор за препораки кои не се задолжителни, сепак нудат стандарди, принципи и најдобри практики кои треба да се земат предвид при дизајнирањето иницијативи на национално ниво.

Во Република Македонија постојат повеќе документи кои ја даваат основата за учеството на јавноста во процесите на донесување на законите. Тоа се Уставот на Република Македонија, потоа Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување, Законот за работа на Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа и др. Исто така, низа подзаконски акти го регулираат ова прашање како: Деловникот за работа на Владата, Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, Методологијата за процена на влијанието на регулативата и Упатството за начинот на постапување во работата на министерствата за вклучивање на засегнатите страни во постапка за изготвување закони.

Анализата за учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики ќе ја зголеми информираноста и знаењата на граѓаните, граѓанските организации и органите на државната управа и ќе може да се користи во иднина како основен модел за утврдување правила и стандарди за учество во донесувањето на одлуки.

Анализата е резултат на следење на степенот на вклученост на граѓанското општество во процесите на подготовка на закони во рамките на проектот „Огледало на Владата“. Употребувајќи ја однапред утврдената методологија, МЦМС го следеше вклучувањето на граѓанското општество во процесот на донесување закони, за прв пат, за периодот од 01.03.2012 до 31.10.2012 г.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации