Интернет-присуство на партиите во изборите 2011 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интернет-присуство на партиите во изборите 2011 PDF Печати Е-пошта

Автор: Борис Ристовски
Дата: мај 2011 година
ИСБН: 978-608-4617-25-9
PDF:   internet-prisustvo-na-partiite-vo-izborite-2011.pdf

Интернет-присуство на партиите во изборите 2011 г. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Со овој документ се прикажува моменталната состојба (заклучно со 25 мај 2011 година) на интернет-страниците на партиите и коалициите кои учествуваат на парламентарните избори 2011. Една од целите е да се покаже колку често се употребуваат овие комуникациски канали, односно дали се користи можноста што ја дава интернетот.

Анализата на архивските записи е направена преку нереактивно собирање јавно достапни податоци (Nonreactive data collection). Анализата на интернет-страниците, како и на сметките на социјалните медиуми е направена на 25 мај 2011 година. Детално се анализирани вкупно 15 интернет-страници и официјалните сметки на социјалните медиуми поврзани со нив.

Анализата покажа дека најголем дел, 83 % (15) од политичките партии/коалиции кои учествуваат на парламентарните избори 2011 имаат сопствена интернет-страница и истите се подетално анализирани. Три (17 %) од нив сè уште немаат сопствена интернет-страница.

Најупотребуван социјален медиум е фејсбук – 83 % (14), по него јутјуб, a најмалку употребуван е твитер. Голем дел од партиите/коалициите – 53 % (8) ги користат сите три социјални медиуми. Не е забележана употреба на други типови социјални медиуми.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Резултатите се претставени графички преку графикони и табели, користени се и апсолутни бројки и проценти.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации