Прирачник за партиципативно буџетирање |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: д-р Никица Мојсоска-Блажевски, м-р Мишо Николов
Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Универзитетот Американ колеџ Скопје како издавачи на оваа публикација е да придонесат „комплексниот“ буџет да биде појасен и лесно читлив за јавноста, а наедно и да овозможат граѓаните на Република Македонија да бидат активни чинители и вклучени во дебатите околу буџетот како на национално така и на локално ниво. Прирачникот се состои од три дела. Првиот дел содржи теоретски осврт на неколку клучни поими како: буџет, јавни расходи и приходи и нивна поделба, буџетско салдо и јавен долг. Вториот дел претставува приказ на буџетот на Република Македонија со прегледи и примери, додека третиот дел дава осврт на концептот на партиципативно буџетирање и од историска и од практична гледна точка. Прирачникот е подготвен од д-р Никица Мојсовска-Блажевски со поддршка на м-р Мишо Николов и двајцата од Универзитетот Американ колеџ Скопје.
|