Антикорупциска писменост |
Според „Transparency International“, Македонија се наоѓа на 71 место, заедно со Бугарија, Романија и Грција, од 180 рангирани земји според Индексот на перцепција за корупцијата. Имајќи во предвид ова, борбата против корупцијата се наоѓа високо на агендата на македонското општество. Во мај 2007 г. беше донесена новата државна Програма за превенција и репресија на корупцијата. Сепак, потребна е силна политичка волја за да се преземат ефективни чекори за сузбивање на корупцијата и доизградба на институциите на политичкиот систем, политичката култура и граѓанска свест. Во минатото од своја страна граѓанското општество одигра значителна улога. Сепак изостануваат или се во зачеток активностите од областите за кои се очекува да бидат адресирани од граѓанските организации: одржувањето на одговорноста на државата, барањето спроведување на законите, борбата против корупцијата, вклучувањето на ГО и граѓаните во процесот на донесување одлуки. Општа цел на проектот е придонес кон зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните. Цел на проектот е да придонесе кон анализи на политики и расправи за битни општествени прашања со фокус на борба против корупцијата. Целна група се граѓанските организации, органи на државна управа, медиуми и граѓаните. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје, во други градови во државава, додека студиската посета ќе се одржи во Софија во Република Бугарија. Очекувани резултати од проектот се: зголемена свест на ГО, властите, медиуми и граѓаните на РМ за проблемот на корупција; зголемени капацитети на ГО, властите и медиуми за антикорупциска писменост; разменети искуства за борбата против корупција со ГО од земји од регионот. За да се постигнат планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:
Периодот на спроведување е 1 јуни 2010 – 31 декември 2010 година. Клучна претпоставка која влијае и придонесува кон постигнување на проектните резултати е препознавањето на важноста на прашањето од страна на граѓанските организации, органите на државната управа и власта. Активностите ќе бидат спроведувани од страна на МЦМС во соработка со други организации, локална организација од Бугарија која ќе ја организира студиската посета, потоа експерти кои ќе ги испорачаат обуките. Документите кои ќе бидат подготвени, покрај директната дистрибуција до организациите и органите на државната управа ќе бидат објавени и на веб страната на МЦМС. МЦМС е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.
|