Оспособување на заедниците и институциите 2001-2004 |
Програмата Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) 2001-2004 имаше за цел да придонесе во одржливиот развој на заедниците, особено во маргинализираните рурални и приградски населби. Спроведувањето на оваа Програма имаше за цел да овозможи оспособување на заедниците и институциите за организација и управување со развојните иницијативи. Целна група на Програмата беа жителите на заедниците и институциите во Македонија, со фокусирање на регионите кои имаа значителни проблеми со водоснабдувањето и санитацијата. Целно подрачје на програмата беа селата и ромските приградски населби во Македонија. Подрачје на операција беше целата територија на Македонија поделено на три нивоа: фокус подрачја, проектни заедници и заедници со ограничено вклучување, во согласност со програмата Водоснабдување и санитација на зедниците (ВСЗ). Во рамките на ОЗИ спроведени се 54 проекти, чии цели беа насочени кон оспособување на заедниците и институциите за организација и управување со развојните иницијативи. Оваа цел ја одразуваше стратегијата за решавање на институционалниот проблем на заедниците и институциите што директно требаше да води кон обезбеду-вање одржлив развој. Со програмата реализирани беа проекти за:
Овие инструменти беа комплементарни и се надополнуваа меѓусебно. Програмата ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одделението за развој. Планираниот временски период на Програмата беше 2001–2003 година. Во февруари 2004 година направена беше измена на Програмата со што беше продолжен временскиот период на Програмата до јуни 2004, односно пролонгирање на планираните активности за шест месеци. Тоа беше потребно за да се овозможи комплетирање на започнатите проекти и нивно затворање. Програмата овозможи јакнење на локалните заедници, пред се на малите рурални општини кои успеаа да обезбедат нивно понатамошно функционирање благодарение на нивниот зајакнат институционален и организациски капацитет. Вкупниот реализиран буџет на среднорочната Програма изнесува 15,681,729 МКД. Проекти:
|