Студија за состојбите во руралните заедници |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори : Наташа Габер-Дамјановска; Климе Бабунски; Анета Јовевска
Во 2006 година МЦМС започна со спроведување на тригодишната програма Локален развој на заедниците (ЛРЗ) 2006-2008 која за основа ги има позитивните искуства од претходно спроведената програма Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) 2001-2005 и е продолжување на активностите на МЦМС во областа на јакнењето на капацитетите на руралните заедници. Студијата за состојбите во руралните фокус заедници е една од првите вакви активности спроведени во рамките на програмата ЛРЗ и претставува почетно (base line) истражување за потребите на програмата и самите локални заедници. Информациите презентирани во студијата даваат приказ на состојбите во фокус заедниците на програмата ЛРЗ во 2006 година кои можат да бидат основа за споредување и мерење на прогресот во развојот на овие рурални заедници. Студијата поставува повеќе прашања и предизвици пред целата заедница за состојбите на руралните заедници во Република Македонија и повикува на поголемо внимание и посветеност за нивен развој, прогрес и вклученост.
|