Модернизација на рурални заедници |
Децентрализацијата е комплексен процес тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа и со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард. Меѓутоа, последиците од претходниот систем се уште се видливи со тоа што имаат оставено трајни траги во маргинализацијата на руралните и други мали заедници. Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници. Цел на проектот беше модернизација и создавање на услови за одржлив развој во руралните заедници. Очекуван резултат од проектот беше создавање подобрени услови за работа на општините, пред се во новите надлежности пренесени со процесот на децентрализација. Сето ова треба да овозможи рурален развој, посебно во маргинализираните заедници. Целна група на проектот беа рурални заедници. Директни корисници се жителите од општините Конче, Чашка, Старо Нагоричане, Долнени и Велес. Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот се спроведе во 5 фокус општини вклучени во програмата ЛРЗ. Со проектот реализирани беа активност за поддршка на општините и јавните комунални претпријатија за поуспешно работење во следните области: заштита и уредување на животната средина, пристап до донатори (ЕУ), комунална инфрастуктура, урбанистичко и просторно планирање, модерни ИТ презентации. Во општина Старо Нагоричане реализирани беа активности за изработка и хостирање на ВЕБ страна на општина Старо Нагоричане. Општина Конче поддржана беше за изработка на апликација за ИПА и прекугранична соработка, како и подобрување на комуналните услуги преку набавка на црево за водоснабдување. Општина Чашка го реализираше проектот Парк на пријателството, односно со поддршката на МЦМС се овозможи мобилизација на дополнителни средства од Мировен Корпус. Ова претставува прв проект за урбанизација на централниот дел на с.Чашка. Во општина Велес, набавени беа 5 специјални дупчалки за пошумување, искористени пред се во двете големи акции Ден на дрвото. Носител на активностите беше ЈП Македонски Шуми, подружница ШС Бабуна од Велес. Општината Долнени и ЈКП Долнени беа поддржани со набавка на црево и ситна опрема неопходна за квалитетно одржување и управување со комуналната инфраструктура. Покрај ова, МЦМС испорача консултации на ЈКП за пристап во идентификување на проблемите со санитација во селата од општина Долнени. Предвидениот можен ризик кој се однесуваше на временскиот период заради можните парламентарни избори кои го одвлекоа фокусот на заедниците во предизборната кампања, вклучително и спроведувањето на самите избори предизвика пролонгирање на временскиот период на спроведување на проектот од октомври на декември 2008 година. Претпоставка која влијае и придонесува кон остваруавње на општата цел е: општините ги подобруваат и другите сегменти од своите надлежности за подобрување на услугите за населението. Претпоставка на ниво на резултат е општините имаат воља и се посветени во спроведување на новите надлежности добиени со процесот на децентрализација. Соработката со сите партнери: општините и ЈКП беше одлична и дава можност за понатамошно продлабочување на заедничката соработка. Дел од постапките и процедурите за реализација на проектот ги спроведе МЦМС, а дел од нив ги спроведоа општините/ЈКП во консултации со МЦМС. Информации за проектот беа доставени до јавноста преку информативните изданија на МЦМС и самите општини. Во текот на спроведување на проектот МЦМС вршеше мониторинг и набљудување на проектните активности. Временскиот период на спроведување на проектот беше 29 февруари–30 декември 2008 г. Директните трошоците на проектот изнесуваат 940.865,00 МКД. Сите средства се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.org).
|