Донирај од својот персонален данок на доход - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донирај од својот персонален данок на доход PDF Печати Е-пошта

Донирај од својот перосонален данок на доход

Во јануари 2007 година беше донесен Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД). Целта на донесувањето на ЗДСЈД беше да се овозможи поголемо вклучување на физичките и правните лица преку даночни олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето. Даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физич-ките лица кои донираат, предвидени со ЗДСЈД може да придонесат во зголемувањето на домашната поддршка на граѓанските организации, но и тие да ги зацврстат врските со своите целни групи или општо со граѓаните. Оваа можност е сè уште непозната кај можните донатори (засега ограничен број околу 30.000 физички лица кои поднесуваат даночни пријави), граѓанските организации треба да преземат активности за нејзино промовирање.
Општа цел на проектот е придонес кон финансиската одржливост на МЦМС преку јакнење на јавната свест за можностите за поддршка на граѓанските организации.

Цел на проектот е да се промовираат даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физичките лица.

Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се МЦМС, Полио плус, а потенцијално и сите други граѓански организации во Република Македонија. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекуван резултат на проектот е поттикнати физички лица-даночни обврзници да одвојат дел од персоналниот данок за МЦМС или другите граѓански организации за актив-ности од јавен интерес.

За реализација на проектот се предвидени следните активности:

  1. Медиумска кампања: Во дневните весници ќе биде објавен оглас со кој ќе се информираат граѓаните за можноста за донираат дел од својот персонален данок за проекти на граѓанските организации. Освен информација за можноста ќе биде наведена и постап-ката за донирање.
  2. Промоција на Интернет: Од 7.12.2008 г. функционира новиот веб-сајт на МЦМС. Во структурата на сајтот е предвиден дел за поддршка на МЦМС. Во овој дел ќе се осмисли содржина со која граѓаните ќе бидат информирани на кој начин може да се вклучат во или пак донираат за активностите на МЦМС, како и за можноста дел од својот данок да го донираат за некоја од програмите на МЦМС. Одговорните соработници ќе направат преглед на програми на МЦМС кои се од јавен интерес и истиот ќе биде објавен во овој дел од веб-сајтот на МЦМС.
  3. Директна пошта: МЦМС ќе испрати известување до сите свои соработници за можноста да донираат дел од својот персонален данок за програмите на МЦМС. За таа цел одговорниот соработник заедно со соработниците од Административно-финансиското одделение ќе подготви преглед на лицата со кои МЦМС имал договор за испорака на услуги и сл. последните три години.

Известувањето ќе биде пратено навремено, поточно пред ро-кот за поднесување на даночните пријави.

Периодот на спроведување е 20 декември 2008 г. – 31 март 2009 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резул-тати се: граѓаните се заинтересирани да донираат дел од својот персонален данок за граѓанските организации и надлежните институции (Министерство за правда и Министерство за труд и социјална политика) навремено ги спроведуваат постапките.

Информации за проектот ќе се достават до организациите со кои соработува МЦМС, како и до надлежните институции, МТСП, МП, Министерство за финансии и Управата за јавни приходи. По потреба ќе се организираат и состаноци со релевантните институции.
МЦМС е одговорен за спроведување на проектот. Одговорен соработник е Даниела Стојанова, соработник на проекти. Во проектот ќе бидат вклучени и Емина Нурединоска, соработник на проекти и Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавност. Одборот на директори ќе дава насоки при планирањето и спроведувањето на активностите.

Можен ризик е краткиот временски период на спроведување да не овозможи пошироко и пообемно информирање за даночните поттикнувања, како и граѓаните да не покажат доверба, волја и подготвеност да дадат дел од својот данок на граѓанските организации. За да се намали ризикот покрај промоцијата на даночните поттикнувања ќе се промовираат и вредностите на граѓанските организации и нивниот придонес за општеството.

Буџетот изнесува 600.000 денари.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Донирај од својот персонален данок на доход