Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2023 |
Автори: Јасмина Ристовска, Наташа Димова, Снежана Камиловска Трповска, Фанија Ивановска и Јасмина Чаушоска Во рамките на проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“ и „Граѓаните против корупцијата“, МЦМС го издава „Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија“. Во рамките на проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“ и „Граѓаните против корупцијата“, МЦМС го издава „Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија“. МЦМС подготви извештај за процена на корупцијата во 2014 г. и во 2016 г., како дел од програмата на УСАИД за антикорупција, во 2018 г. како дел од проектот „Следење на работата на ДКСК“, поддржан од Британската амбасада и во 2019 г. и 2021 г. како дел од „Граѓанското општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, поддржан од Европската комисија. Методологијата за подготовка на овој извештај користи различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата, меѓу кои и анкетата со население. Извештајот содржи седум делови: ниво на корупција, политики, институции, судство, економија, граѓански сектор и меѓународна соработка.
|