Дата: Октомври, 2022 PDF: SELDI_Geopolitics-State-Capture-and-Peak-Corruption-1.pdf PDF: Makedonija_Executive Summary.pdf
Во едно многу тешко време за борбата против корупција во земјите од Западен Балкан, Лидерството за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) беше она кое спроведе редовна длабинска дијагностика на корупцијата и на празнините во владеењето во регионот, а чии наоди се презентирани во овој извештај. Методологијата на СЕЛДИ е комбинација од единствено мерење на реалната пролиферација на корупцијата и на ранливоста кон заробена држава, заедно со проценка на антикорупциската инфраструктура која има цел да ги намали истите. Поглавјата содржани во овој извештај ја прикажуваат динамиката на корупцијата и нивоата на заробување на државата, развојот на националните антикорупциски политики и законодавство, институционалните практики на антикорупциските надзорни тела, врските помеѓу корупцијата и скриената економија, како и улогата на граѓанското општество и на меѓународната соработка во борбата против корупцијата.
|