Геополитика, заробена држава и врв на корупцијата: Што е следно во борбата против антикорупцијата во земјите од Западен Балкан? - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Геополитика, заробена држава и врв на корупцијата: Што е следно во борбата против антикорупцијата во земјите од Западен Балкан? PDF Print E-mail

Дата: Октомври, 2022
PDF: SELDI_Geopolitics-State-Capture-and-Peak-Corruption-1.pdf
PDF: Makedonija_Executive Summary.pdf

gpВо едно многу тешко време за борбата против корупција во земјите од Западен Балкан, Лидерството за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) беше она кое спроведе редовна длабинска дијагностика на корупцијата и на празнините во владеењето во регионот, а чии наоди се презентирани во овој извештај. Методологијата на СЕЛДИ е комбинација од единствено мерење на реалната пролиферација на корупцијата и на ранливоста кон заробена држава, заедно со проценка на антикорупциската инфраструктура која има цел да ги намали истите. Поглавјата содржани во овој извештај ја прикажуваат динамиката на корупцијата и нивоата на заробување на државата, развојот на националните антикорупциски политики и законодавство, институционалните практики на антикорупциските надзорни тела, врските помеѓу корупцијата и скриената економија, како и улогата на граѓанското општество и на меѓународната соработка во борбата против корупцијата.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History