Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2020 |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: Емина Нурединоска, Јасмина Ристовска, Наташа Иваноска
Целта на овој извештај е врз основа на видувањата и искуството на граѓаните да се прикажат состојбите, динамиката и трендовите со корупцијата во Северна Македонија, како и перспективата и потенцијалот за нејзино сузбивање. Наодите од истражувањето укажуваат дека перцепциите за корупцијата останале непроменети споредбено со 2014 г., 2016 г. и 2018г., а нивоата на коруптивен притисок и виктимизација се намалени. Македонската јавност како и во изминатите години останува склона кон прифаќање на корупцијата како општествена норма. Постои влошување во скоро сите анализирани сегменти, освен во тоа дека граѓаните биле помалку изложени на коруптивен притисок, а со тоа и во вклучување во коруптивни активности. Голем број професии се перципирани како висококорумпирани, а корупцијата е широко навлезена во голем број сектори и пред сè во оние кои се клучни за справување со корупцијата. Ова води и кон намален оптимизам дека постои политичка волја и подготвеност на иституциите за справување со корупцијата во Северна Македонија. Во овој извештај прикажан е описот на применетата методологија и е даден детален преглед за искуството, свесноста и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, а презентирано е и видувањето за потенцијалот за справување со корупција.
|