Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.3 |
Автор: Македонски центар за меѓународна соработка Од вкупно 31 индикатори следени во периодот на известување, а за кои се следи исполнувањето на законските обврски („обојување на индикаторите“), девет се остваруваат целосно во согласност со закон, 17 се остваруваат делумно, а пет не се остваруваат. Антикорупциска проверка на легислативата се спроведува но недоволно активно. Проверката е направена во овој квартал за два од шест закони планирани за претходниот квартал на 2017 г, а не е направена за ниеден од шест закони планирани за вториот квартал во 2017 г. Иако , Владата има утврдено предлог закон на седница, истиот не е доставен до ДКСК за задолжителна проверка на ризици од корупција. Од друга а ДКСК не преземала активности за да и обрне внимание на Владата и надлежните министерства дека не го испочитувале Деловникот за работа на Владата. ДКСК продолжи со активно спроведување на активностите на полето на соработка и едукација. ДКСК потпиша Меморандум за унапредување и проширување на соработката со Управата за извршување на санкции. Беа одржани и работни средби со работна група за спроведување анализа на дискрециските овластувања, како и работни состаноци со претставници од државните институции од Македонија и странство. ДКСК организираше и учествуваше на различни работилници, обуки и конференции, како во земјата така и во странство. ДКСК ја ажурираше листата за информации од јавен карактер. Вкупниот број на информации кои се дел од листа на информации од јавен карактер е зголемен од 29 на 38. Во однос на содржината на достапни податоци, 14 информации од листата се непроменети, 17 информации кои се дел од новата листа, односно се додадени, се однесуваат на надлежностите на ДКСК кои произлегуваат од Законот за лобирање и Законот за заштита на укажувачите. Осум информации кои беа третирани како информации од јавен карактер во листата од 2010 г. се избришани од новата листа, а кај седум информации има измени. ДКСК не одржува квартални средби со граѓанските организации и организациите од приватниот сектор потписници на Меморандумот за соработка. ДКСК недоволно ја информира јавноста за сите свои активности. Имено, ДКСК нема пракса да објавува информации на својата веб страна за учество на обуки, работилници, одржани средби и сл. за кои нема законска обврска да го направи тоа.
|