Откривање и санкционирање на случаите на судир на интереси и неспојливост на функција, заради спречување на ризиците од корупција |
![]() |
![]() |
![]() |
Автор: Вања Михајлова
Државната комисија за спречување на корупцијата донесе пропратни акти за примена на оваа регулатива, а во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и намалување на судирот на интереси се предвидени измени на повеќе закони заради спречување на појавите на судир на интереси и кумулација на функции и побара од надлежните органи истите да ги спроведат. Правната празнина, како и неусогласеноста, па дури и спротивни решенија во одделни закони по однос на толкувањето на состојбите на судир на интереси, придонесува да не се почитува Законот за спречување на судирот на интереси, што креира ризик за корупција. Споредбата со законските решенија од земји од регионот, со кои се создава ефикасна алатка за спречување на овие појави, ја наметнува потребата од подобрување на оваа регулатива и во РМ, особено по однос на санкциите. Во рамките на ова истражување се дадени и случаи на утврдени судири на интереси и акумулација на функции, од што се наметнува потреба од зголемување на одговорноста, транспарентоста и отчетноста на избраните и именувани функционери и други службени лица, но и нетолерирање на таквите практики.
|