Известувањето за корупција на високо ниво: Помеѓу јавниот интерес и заробените медиуми |
![]() |
![]() |
![]() |
Автори: Борјан Ѓузелов, Ангел Арнаудов
Се забележува дека постојат значајни разлики во застапеноста на објавите во различни весници кои се придружени со селективност при известувањето на одредени прес-конференции. Исто така, кај два весници забележително е непочитување на основните стандарди за професионално и етичко известување. Ваквите наоди укажуваат дека одредени медиуми наместо да го штитат јавниот интерес и професионално да известуваат за сомневањата за корупција од највисок ранг, со своето селективно и непрофесионално известување, го занемариле јавниот интерес и недоволно ја информирале јавноста. Таквата уредувачка политика, освен што е спротивна на јавниот интерес, укажува и на одредени ризици од корупција во самите медиуми.
|