Еднакви можности и (не)дискриминација во изборните програми |
![]() |
![]() |
![]() |
Автор: Дервиша Хаџиќ-Рахиќ
Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за еднаквост/недискриминација. Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани. Употребените дефиниции за еднакви можности и дискриминација се преземени од Поимникот на термини поврзани со дискриминацијата (МЦМС, 2008). Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.
|