Кампања за мобилизација на фондови - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања за мобилизација на фондови - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 15:06

Главен извор на финансии за повеќето граѓански организации сеуште се странските и домашните фондации, преку нивните програми и проекти. Мал е бројот на организациите кои размислуваат за својата одржливост, а незначителен број организации имаат сопствени извори на финансирање. Немањето основни вештини за мобилизација на фондови, неискуството, но и  лошата економска состојба во Република Македонија, како и пречките во законската регулатива, ги обесхрабруваат здруженијата на граѓани да започнат да работат на својата одржливост.

кампања за мобилизација на фондовиМЦМС до неодамна можеше да се пофали со релативно стабилни фондови, како резултат на стабилните донатори, во најголема мерка членови на Конзорциумот за Македонија. Но во последните неколку години тие го најавуваат нивното заминување од регионот и фокусирањето на други региони во светот.  Поради тоа, МЦМС е исправен пред предизвикот да ја гради својата одржливост развивајќи нови начини и користејќи нови методи.

Со организирање годишна кампања за мобилизација на фондови МЦМС го промовира концептот на самоодржливост на здруженијата на граѓани со што дава придонес кон подобрувањтое на  условите за организирање активности за мобилизација на фондови.

Цел на програмата е придонес кон финансиската одржливост на МЦМС преку јакнење на јавната свест за  одреден актуелен проблем и негово ублажување или решавање.

Во првата година ќе се тестираат повеќе помали активности, а во следните две години ќе се избира тема на кампањата во зависност од актуелните проблеми во тој период. Кампањата ќе се води од МЦМС, но во активностите ќе се вклучува и пошироката заедница преку директно учество на поединци, групи, претпријатија,  други институции.

Средствата собрани од кампањата ќе се употребат за решавање на дел од проблемите за кои истата е наменета.

Во рамките на кампањата ќе се спроведуваат активности за јакнење на јавната свест и промоција на концептот на самоодржливост, активности за собирање на финансиски средства и активности за надминување или ублажување на проблемот-тема на кампањата со што ќе се придонесе кон зголемена свест кај граѓаните за одреден проблем кој е посебно истакнат во периодот на спроведување на кампањата.

Тековен извештај од програмата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кампања за мобилизација на фондови - извршно резиме