Финансиско управување за вработените на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансиско управување за вработените на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 јуни 2010 13:55

Вработените на МЦMС, од 11 до 13 јуни 2010 година имаа можност да бидат дел од обуката за финансиско управување што се одржа во Маврово, а ја организираше МЦМС.

Финансиско управување за вработените на МЦМС

Целта на обуката беше да се изгради заедничко разбирање за поимите на финансиското управување и за специфичностите на  МЦМС, да се подобрат знаењата на вработените и да се зголеми нивното учество во процесот.

Заедничкото разбирање се градеше низ основните поими, принципи, претпоставки и терминологија. Потоа детално се разгледуваа елементите на билансот на состојба, билансот на успех и паричниот тек, а беа објаснети и сметководствените политики на МЦСМ и контниот план.

Учесниците на обуката поминаа низ процесот на планирање, контрола и известување, а беа објаснети и приходите и расходите како и групите трошоци во МЦМС. Посебно внимание беше ставено на даноците и постапката за регистрирање на данокот на додадена вредност. На крај, учесниците беа воведени во корпоративните финансии и поминаа низ финансиските показатели.

Финансиско управување за вработените на МЦМС

Обуката овозможи да се разгледаат повеќе прашања од финансиското управување и да се дискутираат повеќе можности, како на пример оптимизацијата на работата на МЦМС, а распределбата трошоците во светло на моделот на Activity Based Costing итн.

Во духот на долгогодишната пракса на МЦМС за спроведување обуки и овој пат практичните вежби придонесоа добар дел од навидум апстрактните операции да бидат усвоени од страна на учесниците.

Обуката  ја спроведоа соработници на МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Финансиско управување за вработените на МЦМС